Заев, појма немаш што зборуваш!

Повод да го напишам ова мое писание се „многу сериозните изјави на Заев“, а по повод пет години од основањето на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, каде присуство на Заев му прават Артан Груби заедно со Таљат Цафери…

По тој повод Заев во својот говор изјавува: Универзитетот „Мајка Тереза“-Скопје, од своето основање до денес стана сериозен чинител во системот на високото образование во Македониј. Ама во што Заев? Во упропастување на млади генерации и незаконитости!!!

Затоа Заев, појма немаш што зборуваш!

Точно е тоа што наставата на Универзитетот „Мајка Тереза“-Скопје, се одвива на македонски и албански јазик, но и не според современите стандарди за високото образование, наука и истражување, туку во стандарди кој не е во интерес на македонските и албанските студенти и млади генерации. Тоа треба да го знае македонската јавност!

Зоране, дека немаш појма што зборуваш за Универзитетот „Мајка Тереза’-Скопје, еве што зборуваат фактите:

Државниот Универзитет „Мајка Тереза“- во Скопје, има многу незаконити постапки и работи кои се раководени и инструирани лично од страна на Ректорот Азиз Положани, кој раководи со Универзитет, го управува со многу постапки кои се самоволни – Законски не засновани, а кое нешто се спроведува од страна на органите и деканите во Универзитетот и покрај фактот што истите се свесни дека таквите постапки се самоволни и противзаконити.

Имено, за дел од нив и ти Зоране си соучесник, ќе ги наведам :

Прво, согласно Законот за високо обраование (ЗВО) сите погоре наведени аномалии кои се спроведени од страна на Универзитетот „Мајка Тереза“, а сето тоа иницирано и спроведени од лица вработени во истиот, почитувајќи ги самоволните наредби и барања од страна на ректорот Азиз Положани кој е во заминување (и покрај тоа што знаеле и биле свесни дека истите не се законити и преставуваат казниви дела) бидејќи на истиот му е истечен мандатот како легитимен ректор и спротивно на одредбите од ЗВО обавува нелегитимна функција, односно ректорот Азис Положани е нелигитимен!?

Во рамките на акредитирани факултети од страна на Одборот за акредитација, каде што раководи академик Камбовски незконито е акредитиран факултетотот за Царина, шпедиција и осигурување, кој факултет за негова законска функционалност според Законот за високо образование треба да исполни норматив на законската ангажираност на 10 редовни професори во редовен работен однос, која законска норма не е исполнета бидејќи во истиот универзитет т.е факултетот за Царина, шпедиција и осигурување – ангажиран е само еден доцент и тоа Д-р Урим Исени и тоа од областа на осигурување, кој не е во активен работен однос, бидејќи истиот е со постојан работен однос во Царина на РМ (не е еден од 10-те кои се со активен работен ангажман).

Од распоредот кој е во службена примена се потврдува дека освен погоренаведениот цариник Урим Исени нема ниту неден професор од областа на Царината и шпедицијата, туку сите професори наведени во распоредите се од други несоодветни области–програми како Еконоската, Менаџмент или Математика кои немаат допирна точка со наставната програма од областа на Царината и шпедиција.

Воедно многу предмети на овој факултет се предаваат од магистранти, кои исто така немаат допирна точка со областа на Царината и Шпедиција, а кои законски не се ниту во улога на технички асистенти бидејќи и за таа позиција има законски одредби за исполнување.

Ректорот спроведува постапки засновани од неговата лична волја и не ги исполнува законско предвидените постапки за објавување на ЈАВНИ ОГЛАСИ за пополнување на предвидените професорски места од акредитираната програма на Царина, шпедиција и осигурување и истите ги пополнува со замени од магистранти кои се несоодветни и веројатно истите ги чува за одредени негови блиски истомисленици и роднини и пријатели.

Затоа со моја писмена преставка побарав, од моите поранешни колеги од Државниот просветен инспекторат да се изврши редовен или вонреден инспекциски надзор и од увидот во елаборатот за акредитација и распоредот на предметите од прва до четврта академска година на студиската програма на Факултетот за Царина, шпедиција и осигурување се констатира:

– кои професори се ангажирани;

– со кои наставно научни звања (начинот и постапката на стекнување на истата);

– дали се со полн ангажман и кои се хонорарно;

– дали иститите се законски во областа на акредитираната програма со елаборатот и врз основа на ЗВО се ангажирани со исполнување на горенаведените пропишани одредби;

– кои се асистентите, по која постапка се назначени, областа на постапување во замена на професори идр.

Зоране, дали знаете, а знаете, од страна на Ректорот Положани кога тој цени и мисли си вработува пријатели, блиски, роднини, без да се спроведуваат законски постапки. Еве ви ги примерите заверен како материјален доказ во кој евидираат и предаваат:

М-р Едона Винца професор предавач-предмет Англиски (струшка линија),

М-р Валон Рамадани професор предавач-предмет Животни здр.,

М-р Блерта Кондри професор предавач-предмет основа на финансии,

М-р Натира Дика професор предавач-предмет,проверете…

М-р Гани Реци професор предавач-предмет Царинск Управа (покрај тоа што има Проф Д-р од Царина и шпедиција не е примен!!?? Бидејќи М-Р е соодветен кадар за обавување на дејноста???

Зоране, само да знаете дека на овој Универзитет ќе наведам неколку постапки на НЕПОТИЗАМ при вработување на покрај горенаведените т.е лица од најблиското семејство кои се носители на јавни функции во Министерство за образование и наука:

– Зоране, твојот пријател Агим Рушти кој е директор на Агенцијата за кавлитет на високо образование, која спроведува постапки на надзор и контрола во јавни и приватни високо образовни институции. Кој дојде на оваа директорска позиција од фунцијата државен советник т.е раководител на секторот за високото образование во Министерството за образование (заблагодарувајќи се на Арбер Адеми за време на неговото министерување а со цел Арбер да му го додели местото од Агим Рушити на неговиот семеен пријател Агим РАМАДАНИ) го вработува неговиот син Валмир Рушити како асистент предавач универзитетот Мајка Тереза, без ниту еден ден работен стаж во само за нив позната постапка за вработување и истиот сега пак ,,злоупотребувајќи ја својата службена положба и овластување,, притиска да неговиот син биде избран за доцент т.е професор.. Ве молам дали оваа е разумно да не зборуваме за законитоста.. истиот Агим Рушити е избран во научно звање и предава во истиот универзитет Мајка Тереза, за каде тој со институцијата со која директорува треба да ја контролира и врши надзор за законитото постапување, а згора на тоа и неговиот син го вработува и уанапредува…

-Агим Рамадани кој е на работно место државен советник т.е раководтител на секторот за високото образование во Министерството за образование, во мистериозни околности преку ден ,,злоупотребувајќи го својата службена положба и овластување,, притиска пред да дипломира како магистер во менаџмент на човечки ресурси го вработува својот син ВАЛОН Рамадани како магистер „брилијантен-неспоредлив“ асистент во Мајка Тереза, кој својот ангажман го промовира како асистент и држи предавања со студенти, вежби, консултации како и одржува предметни испити т.е испрашува студенти за испити со овастувања од професорите, оваа се потврдува од увидот во распоредот на предметите каде истиот евидира како професор!,увидот во документацијата како пријави и личниот исказ на стутедтите (кои и ќе бидат повикани во службени постапки пред органи да сведочат) за неговиот ангажман.

– Рилинд Адеми кој е доцент и редовно вработен во Мајка Тереза истиот е перманентен професор кој на прерана т.е дечја радост мистериозно докторира во Албанија некаде и заблагодарувајќи му на неговиот брат Арбер Адеми како министер, катапултира како професор во Мајка Тереза без ниту еден ден работно искуство и се избира во наставно научно звање. Од овие причини моите поранешни колеги инспектори барам (по втор пат) да извршат инспекциски надзор, односно да извршат детален инспекциски надзор за начинот на добивање на доцент насловно звање и предметната област на ангажман.

– Бардил Туши од Струга кој од местото државен советник во Министерство за образование (во мандатот на министерувањето на Положани наводно бил шеф на кабинетот и тој го донел..) со превземање преку ноќ 2021 година истиот се префрлува како професор „фатаморгана“ кој докторирал некаде во Тирана!!! Во Мајка Тереза со одлука на Положани кој е близок семеен и роднински пријател по струшка линија. Да се утврдува постапката на превземање и научно наставното звање, како и предметната покриеност заснована во ЗВО додека за постапките на докторатот има дополнителни истражни постапки.

Сите овие како имногу други кои ке бидат утврдени во распоредот на настава претставуваат неоптистичко кланско работење на ректорот Азис Положани кој со „злоупотреба на службената положба и овластувања“ како и „несовесното работење“ со непотизам (погоре дел наведени) создадоа клан и гнездо на луге кои ги заземат местата и положбата на стручните и способните граѓани кои со образовна кариера и докажана процедура се стекнале со докторски звања, но не се во можност да ја обавуваат професорската дејност за која се квалификувани…

Затоа Зоране, од овие причини немате појма што зборувате дека: Универзитетот „Мајка Тереза“-Скопје, од своето основање до денес стана сериозен чинител во системот на високото образование во Македонија. Не Зоране, овој универзитет кој е јавен и се финансира од парите на граѓаните, е универзитет кој е промашен и жално е што се запишани македонски и албански студенти, по завршувањето нивните дипломи истите ќе важат само за Дрисла.

За напред наведеното се запознати: Инспекцискиот совет, ДКСК, ОЈО и Амбасадите во Македонија.

Ова само да знаете Зоране, македонска трагедијо!!!

Автор: Ѓорѓи Илиевски, Виш просветен инспектор во пензија за НетПрес