
Возот Република Северна Македонија е на шините, може и да се клати, но е на прав пат, порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев кој денеска заедно со раководството на партијата и коалиционите партнери ја почнаа кампањата „На правиот пат“. Забележа дека земјата ги чека историските 17 и 18 октомври, кога се отвара ново поглавје и по 15 години поминати во чекалната се почнуваат преговорите за влез во ЕУ. Додека за членството во НАТО политичката состојба во Шпанија може да го одложи на почетокот на наредната година.
На трибината со штипјани Заев истакна дека целиот свет ги прзинава правиот пат по кој оди нашата земја, а само Мицковски и ВМРО-ДПМНЕ се против.
Лидерот на владејачката партија се осврна и на инвестициите и реформите, смета дека се на вистинскиот пат бидејќи парите ги насочуваат кон граѓаните, една од мерките е и зголемување на платите, преку мерката супституција на платите.
На трибината „На правиот пат“ се обратија и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, кој забележа дека Штип добива неколку капитални проект, а тоа се нова детска градинка и брана на река Отиња, сон на градот од 60-тите години.