Во текот на давањето изјава по завршувањето на лидерската средба, претседателот на СДСМ, Зоран Заев ја потврди автентичноста на снимките објавени од страна на порталот Инфомакс од пред неколку дена, потврди дека го навредувал и пцуел македонскиот народ, дека го контролирал СЈО и невладиниот сектор, како и дека бомбите ги дал на преведување на негови сопартијци.
Транспарентно, како што знае да каже самиот тој, Заев имаше скандалозно признание дека лично ги селектирал бомбите за ДУИ кои треба натаму да се објавуваат и преведуваат од страна на Чаушот. Ова е уште една потврда дека проектот на Заев за „Вистината за Македонија“ било само една обична конструкција за манипулација со јавното мислење на граѓаните и доаѓање на власт.
На прашањето на уредникот на Инфомакс, Александар Митовски „од разговорите кои ги преведувал Чауш, најдовте некој индици за еветуална криминална вмешанот на господинот Ахмети и второ прашање пред малку рековте дека вие сте уверени дека ќе ја добиете честа да ја водите Владата од граѓаните. Што во ситуација да не ја добиете? Повторно ќе биде вашето мислење за граѓаните онакво какво што го слушнавме на снимките кои беа објавени на Јутуб?
„Прво преведувањето на разговорите од албански на македонски после селекцијата која ја правев, беа преведувани во СДСМ од партиски членови и активисти на СДСМ. И токму таа беше претходната причина за да може да се објават разговори за ДУИ и тие беа објавени како разговори за ДУИ. И тука беше причината за преведувањето. Но самото тоа потврдува дека се веќе селектирани разговори кои одат на подготовка во прес центарот со самото преведување, поради јавно и транспарентно објавување. Што уште еднаш само потврдува дека сите разговори кои СДСМ ги посодеувал ги дал исклучиво и само исклучиво на СЈО. Во вториот дел, мојата почит кон македонскиот народ секој ден е изразена. Јас му служев на овој народ, имав чест 2 ипол години како премиер, мал период како пратеник во нашиот парламент, 12 години како градоначалник исто така на македонскиот народ. И македонскиот народ ја давал поддршката секогаш затоа што знае колку Заев го почитува својот народ и е подготвен да работи паметно за да понуди прогрес и перспективи за својот народ. И тоа е така и никако поинаку“, рече Заев.