Заев потврди дека неговата влада jа партизирала администрацијата

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во гостување во емисијата „Клан дебата“ на телевизија Клан Македонија призна дека власта ја партизирала администрацијата.

„Точно е, администрацијата е партизирана во целиот тој период од независноста до сега, не дека и ние сме безгрешни во тој дел, признавам јас сум чесен човек зборувам отворено“, рече Заев.

Со ова Заев ги потврдува обвинувањата од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека за време на владеење на владата на СДСМ и Заев администрацијата е целосно партизирана со вработување на партиски активисти на СДСМ.