Бидејќи претседателот на СДСМ и градоначалник на Струмица, Зоран Заев, молчи по објавување на информацијата дека организација формирана лично од него, црпи пари од општинската каса, нашата редакција дојде до документи во кои се гледа дека организацијата на Заев добила околу 20 милиони денари општински пари за неколку години, пишува информативниот портал „Курир“.
По скандалозните тендери во општина Струмица, во кои непотизмот е на највисоко ниво во државата, на повидок нов скандал на претседателот на СДСМ и градоначалник на Струмица, Зоран Заев. Делењето тендери на братот, таткото, чичко му и речиси на сите од потесното семејстово како да не се доволно скандалозни во споредба со тоа што Заев си префлал пари и на организација која тој лично ја оформил.
Станува збор за здружението “Младински Совет Струмица“, кое е формирано во март 2008 година. Од таа година па натаму, според планираниот буџет на општина Струмица се гледа дека на име трансакција на младински совет и детски парламент (орган на младински совет) секоја години се прелеваат по четири милиони денари.
Од документите може да видиме дека во 2010 на име трансфер до детски парламент – младински совет од буџетот на општина Струмица траба да се префрлат четири милиони денари како дел од програмата за активности на општина Струмица на локалниот економски развој и туризам.
Четири милиони денари се предвидени и во буџетот на општина Струмица во 2011 година на име трансфер до детски парламент/ младински совет од програмата Г1 за поддршка на локалниот економски развој
Во 2012 година средствата предвидени за работа на Младински Совет Струмица под име трансфер до младински совет се ставени во група со 13 други проекти кои влегуваат во од програмата Г1 за подршка на локалниот економкски развој и за нив е превидено да се одвојат 11.470.000 денари од буџетот на општина Струмица.
Во 2013 трансфер до детски парлемент е во група со 9 други проекти кои влегуваат во програмата Г1 за подршка на локалниот економски развој и за нив е превидено да се одвојат 7.630.000 денари од буџетот на општина Струмица.
Доколку се земат во предвид овие документи, тогаш оваа организација во своето речиси 7 годишно постоење, треба да има добиено повеќе од 20 милиони денари од буџетот на општината.
Зоран Заев, според наши извори, ја убедувал струмичката младина дека станува збор за невладина организација на која Градоначникот и општина Струмица се потпомагатели. Тезата падна во вода на локалните избори во 2013 година кога Петар Божинов кој е “про форма“ претседател на Младинскиот Совет, стана Советник во Општина Струмица од редовите на партијата на Заев.
Во Младински Совет Струмица учествуваат и други партиски функционери на СДСМ меѓу кои и потписниците Тони Милушев (актуелен претседател на Секторот за Локален економски развој (ЛЕР) во Струмица и Зоран Узунов (актуелен советник за образование во Кабинетот на Заев) кои исто така се потписници на одлуката за основање на здружението Младински Совет.