Заев призна дека Џафери го прекршил Уставот, но нема да бара одговорност од него

Премиерот Зоран Заев  на отворањето на затворен пазар во Виница во саботата, одговори на новинарско прашање во врска со собранискиот спикер Талат Џафери и неговото обраќање во европскиот парламент на албански јазик.

Заев потврди дека Џафери го прекршил Уставот, но и дека нема да биде побарана одговорност.

„Талат Џафери го прекрши Уставот со тоа што се обрати во европскиот парламент на албански јазик. Имаше три сесии, на двете се обрати на македонски, на третата на албански. Нема да побарам одговорност, очекувам од претседателот да објасни. Политичарите треба да тргнеме од себе и да бидеме пример како треба да се однесуваме, односно да го почитуваме Уставот“, рече Заев.