Заев признава дека ја контролира истрагата за пожарот во тетовската болница

Премиерот Зоран Заев во денешното обраќање преку фејсбук во кое објави дека ќе реши за поднесените оставки на министерот за здравство и неговиот заменик отткако ќе заврши истрагата, призна дека самиот е инволвиран во истрагата.

„Имајќи предвид дека истрагата се спроведува со висока динамика и е обезбедена со највисоко ниво на стручност и професионалност, мојата проценка и одлука за поднесените оставки ќе ја базирам на фактите кои ги добивам од истрагата, согласно причините за избувнувањето на пожарот”, објави Заев во саботата.

Филипче и неговиот заменик Хасани поднесоа оставки три дена по трагичната несреќа во која животот го загубија 14 лица кои претстојувале во ковид- модуларната болница во Тетово, а 12 беа повредени.