Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се појави на распит во Основното јавно обвнинителство. Може да се забележи дека одењето во Обвинителството не му паѓаат така тешко, иако самиот во неколку наврати призна дека не ги почитува институциите во правосудството во Македонија. Од друга страна својот став доследно го почитува кога се во прашање судските рочишта во кои тој е на обвинителната клупа.
Без голема аналитичка стручност, па и логично расудување на нештата, Заев, кој е „испечен“ за двојни стандарди, отворено покажува дека повкот од Обвинителството може да се земе предвид, но, не и закажаните судски рочишта каде што тој упорно одбива да се појави, без притоа да понуди никаков оправдан и издржан изговор.
Така, во судскиот процес „Пуч“, каде што заедно со поранешниот директор на ДБК, Зоран Верушевски, е обвинет за „шпионажа“ и за „насилство спрема државни функционери“, упорно без формално образложение не се појавуваше на судењата.
Јавно кажа дека не го признава судот и ќе чека предметот да го преземе Специјалното јавно обвинителство. И дочека… И како што се очекуваше, на Заев упорноста во негирањето на судот му се исплатеше, бидејќи „специјално“ го амнестираа за неговите криминално – шпионски дејствија.
Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, скандалозно го повлече обвинението за предметот „Пуч“ бидејќи, како што таа стручно објасни „обвинителниот акт бил во спротивност со наводните докази кои обвинителството ги собрало во истражните постапки за предметите ’Таргет’ и ’Тврдина’, иако јавноста имаше прилика да види со свои очи како Заев уценува со снимките со цел да предизвика промена на власт во земјава. Инаку, претходно токму Катица Јанева ги одлагаше рочиштата за „Пуч“, со разни изговори, меѓу кои најинтересн беше оној со свадбата на нејзината ќерка.
Јавноста, исто така, виде и слушна видео запис, како тој бара поткуп од струмичкиот бизнисмен, Иван Николов, во износ од околу 200.000 евра.
Но, и за овој процес Заев бега од појавување на рочишта, измислувајќи од средби и состаноци со италијанскиот „амбасадор“ до разни „неодложни“ обврски. Веројатно и за овој случај тој трпеливо чека.
Лажните изговори на Заев за негово непојавување во судот, кулмнираа со реакција од италијанската амбасада, која категорично демантираше дека имало средба меѓу Заев и италијанскиот амбасадор, на денот кога беше закажано рочиштето за „Поткуп“ – поточно 20 декември, минатата година.
Според тврдењето на амбасадата, станувало збор за средба на Заев со лицето Стојан Витанов, кое што не е вработено во амбасадата, туку е т.н. конзуларен коресподент.
Потоа, Зоран Заев повторно не се појави на судење за истиот случај, бидејќи имал веќе закажана средба со кинеска делегација.
На последното рочиште Заев не се појави бидејќи морал да отпатува за Сараево, да ја прими наградата за најградоначалник на Југоисточна и Средна Европа.
Случајот „Поткуп“ имаше досега повеќе од десет одложувања, а единствена прична за нив беше обвинетиот Заев и неговите изговори, а најверојатно со цел за „купување на време“, една од неговите стратегии кои успешно ги имплементра и во политиките на СДСМ кога за тоа имаат потреба.