При вчерашната посета на Гевгелија, премиерот Зоран Заев пристигна со фамозниот „мерцедес“, за чија набавка имаше постапка, а поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска заврши во затвор.
„Мерцедесот“, кој е директната причина за затворската казна за Јанкулоска, не е причина Заев да не се вози со него.
СДСМ од опозиција тврдеше дека набавката на мерцедесот е незаконска, и дека по доаѓањето на власт ќе го продадат, а со парите ќе купат возила за брза помош. Поминаа четири години, „мерцедесот“ сѐ уште е во функција на Владата, а Заев е еден од најчестите негови корисници.
Нема настан, а Заев да не го користи „мерцедесот“, а од продажбата негова не остана ниту „П“.