Димпломатски извори од Европската унија, соопштиле во петокот во Брисел дека македонскиот премиер Зоран Заев си поднел оставка, пренесува италијанската новинска агенција Ansa.
Премиерот на Македонија, Зоран Заев, си поднесе оставка, рекле европски дипломатски извори на маргините од самитот на ЕУ, се вели во кусата вест на агенцијата.
Се потсетува и дека земјите членки не постигнаа договор за почетокот на пристапните преговори со Македонија и Албанија.
Портпаролот на Владата, Мухамед Хоџа, за НетПрес потврди дека на Илинденска се запознаени со веста на италијанската новинска агенција, но додаде дека премиерот Заев во моментов има консултации на различни нивоа.
„Во тек се низа консултации со различни личности и на различни нивоа. Штом ќе има некакви новости, се разбира, медиумите и јавноста ќе бидат известени“, рече во Хоџа.
Претходно во петокот медиумите објавија дека бугарскиот премиер Бојко Борисов со советувал македонскиот колега Зоран Заев да не поднесува оставка и доколку денеска не биде донесена одлука за ппочетокот на преговорите со ЕУ.
„Јас разговарав со Заев и мојот совет до него беше да не си поднесува оставка зашто заврши многу работа и има уште многу што да се направи. Ништо не е завршено, туку е одложено. Едоставно е одложено за време на претседавањето на Хрватска. Фактот што не се договоривме да има пишани заклучоци од состанокот кажува дека огромното мнозинство од државите на ЕУ се за отворање преговори со Македонија и Албанија“, изјави денеска Борисов пред продолжението на состанокот на лидерите на ЕУ во Брисел.