„Сите се соочуваме со истите здравствени и економски предизвици, и заедно ќе ги надминеме, со поблиска соработка и со поголема солидарност. Затоа треба да продолжиме да инвестираме во добрососедски односи, да ги надминуваме отворените прашања со дијалог и толеранција и да ја подобруваме регионалната соработка“, напиша премиерот Зоран Заев на неговиот профил на „Фејсбук“ за време на посетата во Атина на панелот посветен на иднината на Западен Балкан на конференцијата на угледниот магазин „Економист“.
„Најдобрата иднина за регионот на Западен Балкан е да се продолжи со евроатлантските интеграции, и ниту една друга опција не е алтернатива. Тоа ни докажа и од колкава исклучителна важност беше и останува соработката со ЕУ и покажаната солидарност со непосредната помош за сите земји од Западен Балкан.
Денеска се обратив на панелот посветен на иднината на Западен Балкан на конференцијата на угледниот магазин „Економист“ организирана како тркалезна маса со Владата на Грција и учесници од регионот на тема „Европа: Зајакнување на кохезијата во турбулентни времиња“ за брз и ефикасен излез од кризата предизвикана од пандемијата со КОВИД-19.Овој настан е сериозна платформа за дебата за сегашноста и иднината на нашиот регион, и учеството на сите угледни и влијателни гости на конференцијата од политиката и бизнис заедницата е одлична можност за размена на идеи и за соработка за долгорочна политичка стабилност како предуслов за економски раст на земјите од опкружувањето.“, напиша Заев.