Убаво е мнозинството да е поголемо од 62 пратеници, ама вака нè држи будни, рече денеска премиерот Зоран Заев, откако вчера пратениците му изгласаа доверба,
мнозинство ќе изржи 4 години. Ја користам секоја можност да испратам апел, на ниво на проекти, да застанат колку што може повеќе пратеници од 62. Продолжувам да работам, да афирмирам, да замолам и да анимирам, да се приклучат други пратеници. Ако успееме, веднаш ќе соопштиме, ако не, 62 е стабилно мнозинство. Тешко беше за време на пандемија, имаме еден болен, еден во самоизолација и немате мнозинство да почнете седница и да носите одлуки – рече премиерот.
Тој додаде дека со вчерашното гласање доверба во Собранието исчезнала неизвесноста за граѓаните и економијата предизвикана поради заканите за ново мнозинство и пад на Владата.