Поранешниот премиер и претседател на СДСМ, Зоран Заев, тврди дека нема намера да се враќа во политиката.
Ова беше неговиот одговор на новинарско прашање во Тетово каде во вторникот учествуваше на панел-дискусија поврзана со енергртската криза и инфлацијата.
„Немам намера да се вратам во политиката и да им олеснам на неколку луѓе и поради Фондацијата Заев и заради моите општествени активности, јас си го сакам нашиот народ, јас ја сакам државата. Немам намера да се кандидирам за претседател на државата, мирни да бидат спокојни. Дваесет години сум во политиката, ќе ја помогам оваа и секоја идна Влада имам наследство внатре, големи одлуки донесов. Сакам да успее мојот народ, сакам да успее државата. Убаво е да расчистиме. Не зборам само за кога бев политичар за опозицијата тогашна моја и за моите луѓе од СДСМ, и за коалициони партнери и за опозицијата – Заев нема да продолжи. Еве едно важно прашање, темите важни да ги пренесуваме, оваа тема можеби на некој ќе му олесни, ама на луѓето ги интересира живеачката, денеска тоа што се случува“, истакна Заев.