4.8 C
Skopje
четврток, декември 12, 2024

Заев: Ветивме промени и ги остваруваме

Целиот фокус ќе биде на подобрување на животот на граѓаните, тргнавме од своите редови за подобрување, народот тоа ќе го цени, рече во неделата велерта премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, по завршувањето на седницата на Централниот одбор  на владејачката партија

„Пораката ја примивме и сите сили ќе ги насочиме кон подобрување на животот на граѓаните. Следуваат промени во извршната власт’ , рече Заев и додаде дека го исполниле ветеното.

Потврди дека целиот Извршен одбор на СДСМ, сите шест потпретседатели на партијата, генералниот, организацискиот и меѓународниот секретар, како и коордианторката на Форумот на жени се разрешени.

Заев оцени дека ваквата одлука е „сериозен израз на одговорност“ и резултат на слухот за пораките на граѓаните и амбиците на партијата да се подобри. Најави и дека смените ќе продолжат и натаму.

Според одлуката разрешени се Александар Кирацовски, генерален секретар, Миле Зечевиќ организациски секретар, Дане Талевски, меѓународен секретар, Цветанка Ласкова координатор на Форумот на жени и шесте потпретседатели Фросина Ташевска Ременски, Оливер Спасовски, Петре Шилегов, Благој Бочварски, Дамјан Манчевски и Мухамед Зекири.

Заев најави дека продолжуваат консултации за поставување на нови на овие функции и истакна дека е време на уште поголема иницијатива на СДСМ и целиот фоус ќе биде кон подобрување на животот на граѓаните.

Најави дека ќе бидат сменети најмалку тројца министри, но не сакаше да ја открие точната бројка ниту имињата.

Досега се сменети 6 министри, јас сум вкупно до бројката од една третина од Владата. Ќе има повеќе од тројца министри, изјави Заев, кој не  соопшти кој ќе го замени Николовски кој беше назначен за генерален секретар на партијата на местото на Александар Кирацовски.

Додаде и дека во периодот што следува ќе има промени освен на министри и на заменици министри и директори.

Не можам да бидам задоволен од тоа што е сработено. Од секого од кого не сум задоволен ќе побарам јавно да поднесе оставка. Нема да се толерира слабост. Најважно е да им служиме на граѓаните, тие не избрале. Голем фокус ќе има на локалната самоуправа таму има слабости и кај градоначалници и кај локални прептријатија, мора да има промена оти ветивме живот за сите и тоа мора да го исполниме, рече Заев .