Претседателот на СДСМ и целата негова партија, во тајност го држат местото каде летувал Зоран Заев. Медиумите пишуваа дека тој бил на одмор во Грција, но нема одговор на кое место уживал опозицискиот лидер. И СДСМ во вчерашното соопштение не одговорија конкретно, само потврдија дека лидерот им бил на одмор во Грција.
Ваквото избегнување на прашањето отвори редица други прашања.
Во неговата партија молчи и портпаролот и сопартијците, но за неговиот летен одмор се говори и во Струмица, општината каде тој е градоначалник. Курир ви пренесува дел од информациите и разговорите кои може да се слушнат во Струмица.
Струмичани знаат дека Заеви се чести гости во Грција, особено во летниот период. Како што таму говорат граѓаните, а и некои медиуми веќе пишуваа за тоа, Заев поседува одреден недвижен имот кај нашиот јужен сосед.
Се говори дека Зоран Заев за време на својот одмор престојувал во луксузна куќа на грчкото крајбрежје која е во негова сопственост. Според муабетите кои кружат во Струмица, чести посетители на таа куќа биле и одредени новинарски имиња од Македонија.
И пред неколку месеци, посетите на Заев во Грција го разбудија интересот и сомнежот кај македонските граѓани. Како што тогаш објави „Дневник“, Заев во неколку наврати ја минувам македонско-грчката граница пешки, на излез и на влез. Весникот праша зошто тоа би го правел човек кој поседува автомобил од 80.000 евра.
И на оваа афера одговорот од Бихаќка беше молк.
За финансиската состојба, луксузните автомобили и недвижнини на Заев веќе долго време се пишува во македонските медиуми. Новонастанатата состојба го остави отворено прашањето- што сака Заев да сокрие од јавноста молчејќи каде бил на одмор?