Вчеравечер Зоран Заев заедно со неколкумина функционери од раководството на СДСM се обиделе да организираат тајна средба во хотелот „Александар Палас“, на која заедно со лидерите на албанските партии, требало да договорат ново Собрание, Влада и државни органи – пишува Љупчо Палевски, експретседател на градската организација на СДСМ на својот ФБ профил.
Според Палевски, Заев ги повикал сите лидери на албанските партии во обид да формира Парламент, Влада и Собрание со што би се предизвикало двовластие во државата по примерот на Либија.
Како што пишува ексфункционерот на СДСМ, Али Ахмети бил единствен кој не се сложил, а поради него пропаднала целата работа.
За разлика од него, Зијадин Села бил расположен за предизвикување на уште поголема криза во државата.
„Неколку малоумници на чело со Заев сакале у „Александар Палас“ паралелно Собрание да напраат, да избереле органи и Влада. Неверојатно глупаво, НУКЛЕАРНО ГЛУПАВО, а денес веќе нормално за Зајко, но за среќа Ахмети има малку трунка разум што ме изненади, па ја откажал целата работа, не се сложил. Сеља Струшкион лепотан се ПОТЕПАЛ од радување, затоа што на дилетантиве не им текнало дека токму Сеља се радува на ДВА ПАРЛАМЕНТИ, се радува на ДВЕ ВЛАДИ, затоа што едните ќе бидат на ИЛИРИДА. Абре Зајко Зајко….само за шишање ти служи“ – пишува Палевски на својот ФБ профил.