![заев](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/05/zaev.jpg?resize=640%2C371&ssl=1)
Дипломатски извор неофицијално го брифирале портаолот Плусинфо дека поранешниот премиер Зоран Заев деновиве испратил писмо до европратеници и до други западни дипломати, во коешто лидерот на СДСМ, во четири точки, наводно ги објаснил своите лични позиции и позициите на неговата партија во врска со претстојните парламентарни избори во Македонија.
Заев во депешата наводно објаснил дека „сите обврски што ги презел со Договорот за добрососедство со Бугарија и со Преспанскиот договор со Грција ќе ги реализира во целост штом ќе биде во можност да формира влада предводена од СДСМ“, пишува Плусинфо.
Заев нагласил дека очекува ‘изборите да бидат прогласени за чисти’.
Тоа, во принцип, не би било невообичаено барање, коментира изворот на информацијата, доколку изборите не се одржуваат предвремено и според Пржинскиот модел, во време на пандемија и во земја која се смета за хибриден режим, поради што е потребен засилен мониторинг на изборниот процес.
Логично е оцената дали и колку изборите биле „чисти“ да се даде по нивното завршување, во зависност од тоа дали тие навистина биле фер и демократски.
Доколку потребата од итни предвремени избори се оправдува со реализација на двата договора, вели изворот на Плусинфо, големо прашање е што значи зборот „целосна“ и зошто воопшто реализацијата на двата договора се поврзува со условот да биде формирана влада предводена од СДСМ.
Дали тоа значи дека на меѓународната заедница ѝ се сугерира заклучок дека некоја друга влада во Македонија нема да ги исполни преземените обврски од меѓудржавните договори?, стои во текстот на Плусинфо.
Целито текст може да го прочитате ТУКА