Кандидатот за градоначалник на Општина Карпош, Оливер Зафировски, во гостување на Телевизија Сонце, истакна дека од капитални инвестиции предвидува нови 20,000 до 30,000 квадратни метри зеленила и целосно обновување на зелените површини низ целата општина.
Зафировски посочи дел од проектите за развој на Општина Карпош, а тоа се следните :
-Се обврзуваме за целосна ревитализација на салата ,,Партизан,,
-Се обврзуваме за изградба на 5 нови еколошки катни гаражи со што ќе се реши проблемот за паркирање на територија на Општина Карпош.
-Потребно е целосно обновување и изградба на нови зелени површини низ целата општина, исто така потребно е изградба на нов мултифункционален пензионерски дом.
-Се обврзуваме за доделување на стипендии на студентите кој што се едни од подобрите во гимназиите.
Еодаде дека потребни се нови велосипедски патеки, и токму затоа предвидува изградба на нови велосипедски патеки , т.н трим патеки од Долно Нерези до црвката „Свети Пантелејмон“.