Заклучок и крај на колумната
Она што мора да го разбере најмоќната организирана комора која се грижи за стопанството, а нејзин претседател е Бранко Азески мора да се води од следново:
„Впрочем, ентузијасти ја создавале индустријата на ова делче од Европа, ентузијасти и ќе ја извлечат од заборав нејзината историја“
Со овие моќни зборови за овие ентузијасти, мајстори на различни технологии и вљубеници во своите струки им ја посветува главниот и одговорен уредник проф.др. Светомир Хаџи Јорданов монографијата „100 години Прехранбена, Текстилна, Хемиска и Металуршка индустрија во Македонија“.
Токму Бранко Азески мора да биде промотор на рударските инвестиции и да и објасни на јавноста дека 800 милиони евра од неколку рудници (иако ги споменав во минатата колумна сепак уште еднаш: Иловица, Казандол, Петрошница и Плавуш) во југоисточниот и североисточниот дел на Македонија се многу помоќни од политички, а подкрепени со новинарски измами. А, ако го додадеме и средниот дел помеѓу овие краеви на Македонија, ќе дојдеме до неверојатна финансиска инјекција која толку насушно ни е потребна.
Индустријата не смее да си дозволи да биде заложник на еколошки романтичари и, што е уште пострашно, на еколошки измамници поддржани од новинари кои немаат никакво искуство или се стимулирани за позитивни банкарски сметки. По оние дел од документи кои ги поседувам еколошките измамници своите еко друштва во југоисточниот дел ги регистрирале во 2017 година непосредно пред тогашните локални избори. Политички е смешно, ама државнички е повеќе од жално.
П.С. Македонија може да опстои само како општество кое има производствена моќ.
П.С.С. Многу е жално што ниту еден владин функционер, новинар или еко активист не слушнал за Ханс Тамемаги и немаат претстава дека неговата книга се наоѓа во библиотека на факултет кој е еден од најодговорните за екологијата и заштитата на животната средина.
Почеток на колумната
Денес на 3-ти Ноември (петок) организирана од ССНМ започнува обука за известување за животна средина и климатски промени. Се надевам дека ќе обратат внимание на досегашните искуства каде одреден круг новинари мислејќи дека бранат јавно добро, а други инспирирани од нивни лични причини направија штета врз економскиот развој на нашата држава.
Се надевам дека досегашните искуства, каде се известуваше врз основа на паушални процени и оценки, дека овде ќе бидат нотирани и истите ќе бидат дадени како пример како не треба да се информира. Нормално во исто време ќе бидат предочени законските решенија, ама и казни за погрешно и тенденциозно информирање.
Што е тоа што новообучените еко-новинари и медиумски работници би морале да го запомнат после обуката, за која се надевам дека ССНМ ја има шифрата одобрена од државата поточно Централен регистер во нивната тековна состојба 85.59- друго образование, неспомнато на друго место. Секогаш има два избора.
Првиот избор е следен.
Дали новите еко-новинари ќе го следат примерот со наклеветениот Кочо Анѓушев (без конкретен материјален доказ) каде следуваше казна кон соодветниот новинар, а судијата заборави да постапи и да го казни медиумот во случајот МРТВ поточно целиот раководен кадар, од уредник на информативна, уредник на МТВ 1, директор на МТВ и извршен директор на МРТВ, кои склучиле договор за копродукција со независен чинител и во исто време му дале емитување во ударен термин согласно сите медиумски закони поточно 20 часот. И не само навреда туку има и неовластено „Скриено снимање“ (јасно означено во емисијата), без дозвола на соговорникот, за кое следува парична казна или затвор до една година. Ако е ова изборот секому му посакувам многу среќа во деловното работење во иднината, со едно големо, НО, никој нема да застане позади лаги кои можат да бидат пуштени во јавност од лични причини или пак да биде некој прелажан. Одговорот е секогаш: Оставен/а си сам/а на себе и мораше да мислиш пред да се излеташ. Згора на сето тоа и дека грешната информација е платена, а платениот ти го кажал претходното.
Вториот избор е поинаков.
Наместо квалификации од типот „Рудници на смрт“ може да им објаснат на пример што е Третман на рударска вода: Како да се исполнат построги стандарди.
Веднаш има прашање: Зошто? Одговор: Секоја индустрија има потреба од одредени залихи за да работи. Во рударската индустрија, едно од тие резерви е од суштинско значење за човечкиот живот, но е дефицитарно: вода.
Стандарди за квалитет на вода за третман на отпадни води од рударството
Успешното третирање на отпадните води од рударството може да биде предизвик. Компаниите за ископ на минерали, руда и јаглен мора да следат неколку стандарди и правила за квалитет на водата. Ако ги земете предвид САД само, Агенцијата за заштита на животната средина (EPA) бара од секој рудник во САД што генерира отпадна вода да има Национален систем за елиминација на испуштање загадувачи (NPDES).. Овој документ опфаќа различни ситуации за третман на отпадни води и вода, вклучувајќи го следново:
- Третман на истекување на површински води
- Прочистување на отпадни води кои произлегуваат од преработка на јаглен и руда
- Третман на отпадни води што ќе се вбризгаат во подземните води или ќе се испуштат во површинските води
- Прочистување на отпадни води за постојани или привремени работнички кампови
- Прочистување на отпадни води кои повторно ќе се користат за контрола на прашина и уредување на патиштата
- Ублажување и санирање на отпадните води при затворање на рудник
Се надевам дека сепак обуката би одела и во овој правец. Дали ја имате прочитано книгата од еден легендарен геофизичар, кој е раководител на Оакхил Енвајрменатал, компанија за консултации за животната средина кој тој ја основа во Ст. Кетрин, Охајо. Истиот е нормално и вонреден професор на Одделот за науки за земјата на Брок Универзитетот и редовен соработник за теми поврзани со животната средина и ебергијата во весници и списанија.
За да можат новообучените еко-новинари да информираат, најверојатно е дека ќе ја добијат обуката со следнава филозофија:
Во денешно време околината е под опсада. Постои сериозно сомневање дали нашите, деца и внуци ќе можат, да уживаат во декатната убавина, на цветањето во пролет, повикот на птицата, која лета високо на ветрот или грациозниот скок на преплачениот елен.
Оваа книга е посветена на индивидуи, кои не само што сакаат да ги разберат принципите на справување со отпадот, туку ќе ги предизвикаат нив, ќе побегнат од вообичаениот начин на размислување и ќе развијат нови и подобрени идеи и ќе ја одржуваат околината за оние што доаѓаат.
Да живее Македонија!
Некорумпиран Колумнист Виктор Грозданов!
Автор: Виктор Грозданов за НетПрес