Воздухот во Скопје, Битола и Тетово и утрово е загаден.
Мерните станици и утрово измерија високо ниво на ПМ10 честичките во воздухот, највисока е загаденоста во Лисиче, додека според синоќешните резултати на мерните станици ПМ10 честичките во воздухот околу 22 часот биле на највисоко ниво.
Во Центар на мерната станица концентрациите се движеле од 74 до 152 микрограми. Во Гази Баба од 90 до 257 микрограми, во Карпош од 84 до 297, во Лисиче од 82 до 470 микрограми и кај Ректорат 95 до 277 микрограми.
Загадувањето најголемо било во Лисиче од 21 часот синоќа до полноќ кога концентрациите во континуитет биле над 400 микрограми.