Загина 17-годишен возач, тешко повреден малолетен сопатник

Малолетник загина, а негов малолетен сопатник е тешко повреден во сообраќајна несреќа која се случила вчера околу 09:30 часот.

-Во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница на патот Шуто Оризари – Горно Оризари со сервисна улица која го поврзува патот со ул. „Александар Урдаревски“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу автобус на ЈСП, управуван од Г.М.(51) од Скопје, патничко возило „форд галакси“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 17 – годишник од с. Блаце, скопско и патничко возило „фолксваген голф“, по што возачот со возилото го напуштил местото, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на возилото „форд галакси“ и неговиот малолетен сопатник од Блаце, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ – Скопје, каде што подоцна возачот починал, информира МВР.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Скопје.