Министерството за внатрешни работи информира дека вчера во 23.55 часот во Полициската станица Ресен било пријавено дека на магистралниот пат Битола-Ресен, на место викано „Макази“, патничко возило „мазда“ со охридски регистарски ознаки, управувано од С.Ш.(21) од Ресен, излетало од коловозот.
– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил В.М.(28) од с.Јанковец, ресенско, кој на пат кон Клиничката болница во Битола починал, а смрт констатирал лекар од болницата. Со телесни повреди се здобила С.Ш.. Известен бил Јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од Полициската станица Ресен, велатт од МВР.