![soobrakajka motocikl](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/07/soobrakajka-motocikl.jpg?resize=640%2C371&ssl=1)
Малолетник го загуби животот во сообраќајна несреќа која вчера вечерта се случила на регионалниот пат Куманово-Свети Николе кај кумановското село Доброшане.
Од полицијата информираат дека во несреќатта учествувале мотоцикл „јамаха“, управуван од 16-годишен малолетник од селото Доброшане, автомобил „БМВ“ со кумановски регистарски ознаки управуван од 24-годишниот М.М. од Куманово, кој првично го напуштил местото на настанот, а потоа сам се пријавил во СВР Куманово, и паркирано патничко моторно возило „југо“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на Т.Т. од Куманово.
-Во незгодата возачот на моторциклот починал на лице место, а од екипа на итна медицинска помош била констатирана смрт, велат од МВР.
Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и екипа од СВР Куманово