
42-годишен маж го загуби животот во пожар во станбена зграда на булеварот „ЈНА“ во Штип.
Како што објаснуваат очевидците, во станот горела само една соба, а пожарникарите спречиле огнот да се прошири на кровот и на соседните станови.
Командирот на Територијалната противпожарна единица – Штип, Тони Атанасов за МИА вели дека пожарот е пријавен во 10 часот и 30 минути од соседи по што веднаш е интервенирано со осум пожарникари и две противпожарни возила.
Од СВР-Штип потврдија дека во пожарот починал 42-годишен штипјанец, кој во станот живеел сам. Телото на починатиот било пронајдено под неколку ќебиња со кои се покривал, а биле видливи многу изгореници.