Мотоциклист синоќа загина во сообраќајна несреќа што синоќа се случи на патот од село Габрово до село Банско, струмички.
Полицијата соопшти дека во несреќата учествувале патничко возило „ауди“ со струмички регистарски ознаки, управувано од О.К.(42) од село Баница и мотоцикл „јамаха“ без регистарски ознаки, управуван од М.Н.(46) од село Банско.
„Од здобиените повреди мотоциклистот починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Струмица“, се наведува во соопштението.
Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и екипа на Полициската станица Струмица.