Во источниот дел на босанскохерцеговскиот ентите Херцеговина, на Прењ во неделата утрото се случила лавина која усмртила еден од двајцата планинари кои се искачувале на оваа планина.
Еден до планинарите, 31-годишен припадник на Вооружените сили на БиХ, економист по занимање и страстен планинар, снежната лавина го отфрлила и удрил со главата во карпа, од што починал.
Вториот планинар минал без повреди, и според локалните медиуми активно учестува во потрагата по загинатиот колега чиешто тело е на недостапен терен.
Припаднициет на горската служба за спасување поради недостапноста на теренот побарале помош во хеликоптер од војската на БиХ за да го извлечат телото на настраданиот.