Загинаа двајца нигериски фудбалери

Ифеани Џорџ

Повремениот нигериски фидбалски репрезентативец и напаѓач на Енугу Ренџерс, Ифеани Џорџ загинал во сообраќајна несреќа заедно со клупскиот соиграч Емануел Огбу.

Трагедијата се случија кога автомобилот во кој биле Џорџ и Огбу заедно со уште две лица со кои патувале во неделата утрото кон Лагос, се забил во паркиран камион кај градот Абуду.

Дваесет и шестгодишниот Џорџ загинал на самото место на несреќата, а Огбу им подлегнал на повредите во болницата. Во страотниот судар животот го загубил и пријателот на Џорџ, а вториот патник преживеал, пренесуваат локалните медиуми.

„Шокирани сме по смртта на двајцата фудбалери. Нашите мисли се со нивните семејства, а на повредениот му посакуваме брзо заздравување“, се вели во објавата на фудбалскиот сојуз на Нигерија.

Фудбалското првенство во оваа африканска земја е во прекин, поради пандемијата од коронавирусот.

Џорџ во дресот на нигериската репрезентација имаше два настапи, а дебитираше во 2017 година против Бенин во квалификациите за Африканскиот куп на нациите.