Спасувачите кои од петокот утрото ги пребаруваат урнатините на малата четирикатница којашто се урна во местото Торе Анунцијата, јужно предградие на Неапол, објавија во саботата дека ги пронашле безживотните тела на осумте станари кои беа водени како исчезната, меѓу кои две се деца.
Од уривањето на четирикатницата во близина на брегот во Торо Анунцијата во петокот во мугрите повеќе десетици пожарникари и доброволци ги пребаруваат урнатините со голи раце, под силното сонце, а потоа и под светлината од силните рефлектори.
Меѓутоа, како расчистувањето на остатоците напредуваше, спасувачите кои имаа помош и од обучени кучиња, наидуваа само на тела меѓу кои последното од урнатините е извлечено во саботата претпладнето. Иако дел од зградата каде се наоѓале просториите за дневен престој останал цел, спалните соби во кои станарите спиеле е целосно уништен.
Според локалните медиуми, една од жртвите бил архитектот задолжен за надзор на безбедноста на јавните и приватните згради во ова место со околу 40.000 жители во подножјето на вулканот Везув. Загинал заедно со сопругата и 27-годишниот син.
Другите жртви се брачна двојка и нивните деца на 8 и на 14-годишна возраст, како и 60-годишна шивачка којашто живееле сама во оваа зграда подигната во 1950-те години на атрактивна локација со поглед кон морето.
Очевидци од соседството изјавија дека не слушнале никаква експлозија, само знак на уривање, кога двата горни ката од зградата, третиот и четвртиот, се урнале малку пред 6,30 часот по локално време.
Обвинителството на Торо Анунцијата отвори истрага за „уривање од небрежност“. Причините за трагедијата сѐ уште не се познати. Според некои тврдења, зградата била во лоша состојба и се изведувале работ на реновирање на првиот и на вториот кат.