
Најмалку 40 украински војници и цивили загинале во првите часови од воената руска операција во Украина, изјави за новинарите советникот на украинскиот претседател Алексиј Арестович.
„Знам дека загинале повеќе од 40 украински војници и дека неколку десетици се повредени, како и дека загинале десетина цивили ширум земјата. Загубите се случиле во воздушни и ракетни напади во четвртокот утрото“, изјавкл Арестович пренесе AFP.
Во областа на западноисточниот украински град Харков, загинало момченце кога гранати погодиле станбена зграда, објави тамошната итна служба.
Руската војска објави дека проруските бунтовници на истокот на Украина, постигнале успеси на теренот. Генерал-мајорот Игор Конашенков, портпарол на руското министерство за одбрана, изјави за руската јавна телевизија дека силите на ткн Донецка народна република напредувале за три километра во регионот Донецк, а за километар ипол во Луганск.
Конашенков повтори дека цели на руските сили се само воена инфратрукура и противвоздушната одбрана во украинските бази, како и дека цивилите нема од што да стравуваат.
Истовремено челникот на сепаратстите од Донецк, Денис Пушилин, изјави дека расте бројот украински војници кои го предаваат оружјето, а дека заробениците се преместуваат на претходно подготвени локации. Претходно тој за Россия 1 рече дека украинските сили во областа барале отворање хуманитарни коридори преку кои би се повлекле од Донбас.
Украинскаиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба порача во четвртокот дека Русија изведува „општа офазива“ од копно, воздух и од море, од повеќе насоки и дека украинските сили даваат отпор.
„Не, ова не е руска инвазија само на истокот на Украина, туку целосен напад од повеќе насоки“, порача Кулеба на Twetter.
Украинскиот претседател Владимир Зеленски ги повика сите граѓани кои се подготвени за тоа да ѝ се прудружат на одбраната на земјата од руските сили, додавајќи дека владата ќе даде оружје на сите кои тоа го сакаата, пренесува Reuters. Зеленските ги повика Русите да протестираат против војната, иако анкетите покажаа дека мнозинството од нив ја поддржуваат воената операција сметајќи ја за заштита на нивните сонародници во Украина.