
Вкупно 423 луѓе ги загубиле животите во сообраќајни несреќи ширум Тајланд во текот на новогодишните празници, а повеќе од 4.000 се повредени во периодот меѓу 28-ми декември и 3-ти јануари, соопшти во четвртокот министерството за спречување на несреќите и нивно ублажување.
Сепак, годинешниот број жртви е понизок отколку што беше минатогодишниот со рекордни 478 смртно настрадани во истиот период на празнување, што се толкува како резултат од владините кампањи за безбедност на патиштата и построгите контроли на надзорните пунктови, изјави заемникот министер за надворешни работи, Сутиу Макбун.
Речиси половина од несреќите се предизвикани поради возење во алкохолизирана состојба, додека пребрзото возење е причина за четвртина од сите несреќи. Во ти четвртини од несреќите учествувале мотоциклисти, што е популарен превоз во Тајланд, според статистиката на владата само за изминатите пет дена.
Во 2015 година Светската здравствена организација (СЗО – WHO) во својот годишен извештај наведе дека Тајланд е веднаш покрај Либија според бројот на загинатите во сообраќајни несреќи. Агенцијата процени дека дури 36,2 отсто од луѓето на 100.000 жители гинат на патиштата во Талјанд, што го прави податокот од 24.237 жртви на годишно ниво.
Меѓутоа, во ноември 2017 година интернет страницата Светски атлас ги рангираше патиштата на Тајланд како најсмртоносни на светот, по што доаѓаат Малави и Либерија.