Организацијата со седиште во Лондон наведе дека во вчерашните напади загинаа над сто луѓе. Сириската армија демантира дека извршила напади врз цивили во Алепо, потенцирајќи дека напаѓала само позиции на терористите.
Сириските владини сили денеска презедоа контрола над реонот Хандарат, северно од Алепо, што досега беше под контрола на бунтовниците.
Сириската опсерваторија за човекови права соопшти и дека по прекинот на примирјето во Сирија загиначе 173 луѓе во бунтовничките делови на Алепо. Меѓу жртвите 26 се деца.