Захариева до Заев: Не очекувајте Бугарија да ги затвора очите пред државните интереси

Бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева му одговори на премиерот Зоран Заев. Таа истакна дека позицијата на Бугарија не е лесна за разбирање и оти не може да се очекува Софија да замижи пред државните интереси.

-Нашата позиција не е лесна за разбирање. Но, тоа не значи дека не треба да продолжиме со напорите да ја објасниме. Во исто време, не очекувајте Бугарија да ги затвора очите.

Премиерот Заев деновиве на двапати изјави дека во спорот со Бугарија веќе не знае точно каде лежи проблемот, но додаде дека дијалогот треба да продолжи сè додека не се најде компромис меѓу двете земји. Мотивиран од поддршката на другите земји-членки на ЕУ, Заев рече дека очекува подобри денови од следното претседателство со Унијата, она на Португалија.