Бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева во своето најново интервју за германски „Ди Велт“ вели дека во скопје повеќе не е популарна откако реагирала против прославата на 40-годишнината од смртта на југословенскиот лидер Јосип Броз Тито.
„Тоа покажува недостаток на плурализам. Кон мене беа прилично брутални кога се осмелив да го искажам своето неразбирање затоа што ја славеа четириесет годишнината од смртта на еден од најмрачните диктатори – Тито. За помалку од десет години тој убил речиси 1,7 милиони луѓе во поранешна Југославија. А тие таму го слават него. Градоначалникот на Скопје е партиски другар на Заев. Потоа веќе таму не бев толку популарна. Ама тоа е исто како градоначалникот на Берлин да дојде на идеја да го слави денот на смртта на Хитлер“, зодговара вицепремиерката во еден момент од прашањата.
Според нејзините информации, од 1 септември до 20 ноември биле избројани „14.699 негативни објави за Бугарија во македонските медиуми, и само четири неутрални.
„Во Бугарија, во истиот период, имаше 450 позитивни извештаи за Северна Македонија во медиумите“, вели претходно Захариева.