Политичко лицемерие и неморелен чин преставува гласањето на земјите од ткн колективен Запад против резолуцијата на Генералното собрание на Обединетите нации за борба против глорификација на нацизмот, оцени во саботата Марија Захарова, портпаролка на руското министерство за надворешни работи.
Претходно комесарот на руското министерство за надворешни работи за човекови права, демократија и владеење на правото, Григориј Лукјанцев за новинарите истакна дека Австрија, Германија и Италија првпат во историјата во петокот гласале на заседанието на Третиот комитет на Генералното собрание на ОН против резолуцијата што ја поднела Русија а чија цел е борбата против глорифицирање на нацизмот.
„Суштината на резолуцијата може да биде доведена во прашање само од неморални личности“, објави Захарова на својот Telegram канал.
Притоа потсетува дека „минатата година земјите од ЕУ се воздржаа од гласањето по текстот од нацрт-резолуцијата на Генералното собрание на ОН против величењето на нацизмот“.
„А годинава западните земји гласаа против. И оние коишто го поддржуваа фашизмот во XX век, и оние коишто од него страдаа, речиси исчезнаа“ истакнува Захарова и оценува дека тоа претставува „политичко лицемерие“.
Во петокот ткн Трет комитет на Генералното собрание на ОН ја усвои резолуцијата „Борба против глорификација на нацизмот, неонацизмот и другите практики кои придонесуваат за ескалација на современите форми на расизам, расна дискриминација, ксенофобија и со нив поврзаната нетолеранција“.
За оваа резолуција, инаку, се гласа секоја година, годинава гласаа „за“ 106 држави, меѓу кои како и секогаш е Државата Израел.
Меѓутоа, годинава „против“ гласаа не само САД и Украина, како што гласаа и минатата 2021 година, туку резолуцијата не ја поддржаа ниту Германија, Велика Британија, Франција, Јапонија, Италија, Грузија, Унгарија и земјите од Балтикот, сите американски сојузници кои воено го поддржуваат Киев во војната против Русија. Според нив, Москва наводно „ја искористува темата“ за борба против неонацизмот со цел да ја спроведува својата воена интервенција во Украина.