Захарова порача дека само капитулација на Киев ќе ја запре војната

Само капитуалција на режимот во Киев ќе стави крај на руската офанзива во Украиа, порача во понедленикот портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, откако во текот на викендот во Саудиска Арабија беше одржан состанок на претставници на 40-ина земји кој не донесе напредок по прашањето на запирање на руско-украинската војна.

„Убедени сме дека навистина глобално, трајно и праведно решение е можно единствено доколку режимот во Киев ги запре непријателставата и теорирстичките напади“, порача портпаролката на руската дипломатија, Марија Захарова.

„Новите територијални реалитети треба да бидат признаени, треба да биде осигурана демилитаризацијата и денафикацијата на Украина“, додаде Захарова.

На брифингот за новинарите во руското Министерство за надворешни работи таа истакна дека Русија бара поврда на „оригиналните основи на суверенитетот на Украина, нејзиниот неутрален, неврзан и ненуклеарен статус“.

Овие барања на Москва, којашто ги објави на почетокот од својата, како што ја нарекува „специјална воена операција“ во Украина кон крајот на февруари 2022 година, ги отфрлија власта во Киев и нејзините западни поддржувачи САД, НАТО и Европската унија.

Брифингот на Захарова дојде ден откако во саудиска Џеда завршија разговорите на четириесетина земји за Украина, на којашто присуствуваа главно делегации на западните земји, но и на брозрастечките економии блиски на Русија, како Кина и Индија, вклучително и самиот домаќин Саудиска Арабија, но официјална Москва не беше повикана како и на претходниот таков таен состанок во Копенхаген еден месец претходно, поради што преовладува оцената дека таквите состаноци не можат да дадат резултат.

Долгите разговори во Џеда, чијашто цел на САД и Украина, беше да се привлечат земјите кои соработуваат со Русија, во прв ред Кина на страна на мировниот план на украинскиот претседател Володомир Зеленски кој бара целосно повлекување на руските војски на границите од 1991 година и враќање на териториите кои се просоединија, или анкетираа, во Русија, сепак, не завршија со заедничка изјава.

Официјален Пекинг во понеделникот го пофали состанокот во Џеда и вниманието што го добила кинеската делегација, но и нситираше на предлогот за мировен договор од 12 точки што лани летото претседателот Кси Џинпинг го изнесе на самитот на Г20 во Индонезија, но кој веднаш го отфрлија Зеленски и американскиот претседател Џо Бајден.

Захарова, во тој контекст во понделникот рече дека Москва „високо го цени посредувањето … на нашите пријатели од земјите на таканаречениот Глобален Југ“, но истакна дека „нмирното решение е невозможно“ врз основа на ткн „мировна формула“ којашто ја промовира украинскиот претседател Зеленски.

„Ниедна од неговите десет точки нема за цел да се изнајде преговарачко и дипломатско ре шение на кризата, а сите тие се бесм ислени ултиматуми кон Русија, чијашто цел е да се продолжат непријателствата“, оцени Захарова.

Рече и дека Русија очекува дека земјите од БРИКС кои учествуваа на консултациите за Украина во Џеда, односно Кина, Индија и Јужноафриканската Република, ќе ја информираат Москва за резултатите од преговорите.

„Министерството за надворешни работи ги нотираше информациите за консултации за украинската криза (…) На нив учествуваа и нашите истомисленици од БРИКС и други партнери. Очекуваме дека, во согласност со договореното, тие ќе ги споделат со нас своите оцени, а ние го потврдуваме нашиот став за ткн мировна формула на Зеленски, којашто режимот во Киев и Западот се обидуваат да ја промовираат на ва квите средби“, речеЗахараова.

Според неа, со промовирањето на „формулата на Зеленски“, Западот се обидува да ги „ја омаловажи големата важност на мировните предлози од другите земји и да го мониполизираат правото за нивно водење“.

„Всушност, како што рековме, постои борба против несогласувањето на меѓународно ниво, обиди преку бескрупулозни манипулации да се протуркаат неостварливите идеи“, додаде Захарова.

Претходно портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков истакна дека Кремљ го следи состанокот во Саудиска Арабија, и оти останува да се види какви цели ќе бидат поставени. Руското Министерство за надворешни работи, коментирајќи ги разговорите во Џеда, изјави дека носењето одлуки за украинската криза на политичко ниво без учество на Русија е „апсурдно и бесмислено“, но оти има „цело поле за креативност“ во дискусијата.

Министерот за надворешни работи Сергеј Лавров претходно изјави дека главната цел на претходниот таков состанок за Украина, во Копенхаген, „била да се обидат да ги убедат претставниците на глобалниот југ, барем до одреден степен да ја поддржат ‘ мировната формула’ на Зеленски, што е апсолутно неприфатливо и неперспективно“.