Електронска порака за подметната експлозивна направа пристигнала во резиденцијата на австрискиот претседател во Виена, во моментот кога шефот на државата Александер ван дер Белен бил во зградата, но во моментот бил на сигурно, известува во средата весникот Österreich.
Претходно во средата виенската полиција соопшти дека била изведена евакуација на Императорскиот дворец Хофбург, откако било добиено известување за подметната бомба. Во дворскиот комплекс Хофбург, покрај другите објекти, се наоѓа и резиденцијата на претседателот на Австрија.
Според весникот, електронската порака за поставената експлозивна направа, како и барањето за исплата на одредена сума пари, била дојдена во претседателскиот кабинет околи 15 часто. Во тој момент Ван дер Белен се наоѓал во зградата. Безбедносните служби го информирале за заканата за можна опасност, и го евакуирала од објектот.
Откако територијата на творецот и областа околу него биле блокирани од полициските сили, експерите за експлозиви со обичени кучиња извршиле детален претрес на ткн Леополдско крило на Хофбург, кое е официјална резиденција на австрискиот федерален претседател од 1947 година. По два часа пребарување не бил пронајдени никаков сомнителен предмет, па екипите вклучително и снајперистите биле повлечени од областа.
Засега наме индиции за испраќачот на заканата, која предизвика голем медиумски интерес, меѓу другото, и поради итната и бројна реакција на безбедносните служби.
Виенски Хофбург беше цел на закана со подментат експлозив пред 18 години, кога во март 2002 година беше претресуван сомнителне автомобил паркиран пред дворецот во соптвеност на лице кое во медиуми најавувало експлозија. Подоцна се разјасни дека станува збор за лажна тревога, а оти осомничениот потенцијален напаѓач имал ментални проблеми.