Законите не важат за функционерите на СДСМ

Боро Стојчев, кој беше осуден за обид на шверц на цигари, може да се врати на градоначалничката функција на општина Ново Село, бидејки нема законска основа да му биде одземен мандатот.

На 10-ти јули годинава градоначалникот на Ново Село, заедно со уште четири лица, во класично мафијашки стил – сите роднини, беше фатен  со две возила кај селото Бадилен на локалитетот Попова Чука на два километри од бугарската граница, при обид за шверц на цигари во близина на македонско-бугарската граница, а притоа беа запленети околу 3.300 штеки цигари во вредност од повеќе од три милиона денари.

НетПрес веднаш по настанот пишуваше дека случајот на Стојчев е претворен во обична фарса која треба да ѝ ги замачка очите на јавноста од вистинските криминали кои се случуваат во земјата под водство на СДСМ и да покаже дека државата нема милост кон прекршителите на законот. Имено, настрана што како и во случајот со премиерот Зоран Заев, кој беше обвинет во случајот „Поткуп“ па ослободен, основното јавно обвинителство го смени обвинението и против Стојчев, па тој, иако беше обвинет за криумчарење на крајот беше осуден за „обид“ за шверц на цигари.

Стојчев во понеделникот од аплецискиот суд во Штип доби намалување на казната затвор од 18 на 6 месеци, која не е во спротивност со Законот за локална самоуправа, којшто, меѓу другото, ги утврдува и причините кога на градоначалникот му престанува мандатот. Сегашната казна за градоначалникот на Ново Село е  правосилна и не надминува шест месеци како што обврзува законот. „На градоначалникот му престанува мандатот по сила на закон, ако е осуден со правосилна пресуда за кривично дело на казна затвор во траење над шест месеци“, меѓу другото, стои во членот 54 од Законот за локална самоуправа.

Инаку истата казна од шест месеци затвор македонските судови ја изрекуваа во неколку случаи за „само“ стотина штеки цигари и во вредност којашто десетици пати е помала од онаа којашто ја криумчарел Стојчев. И тоа само во конкретниот случај кога беше фатен на дело, благодарејќи на интервенцијата на полицајците кои испукале предупредувачки куршуми и го вознемирија локалното населние, по што беше алармирана и целата јавност. Во спротивно, лесно можеше да се случи „бизнисот“ на сдсм-овскиот градоначалник да биде забошотен.

Уште при изрекувањето на пресудата за Стојчев, од само година и половина за криминал од споменатиот вид, многу правници изрекоа сомневања во поглед на висината на одмерената казна од судот. Покрај тоа, тој по само десетина дена беше ослободен од притворот, па повторно вратен во него за да не пукне “бруката“, по што веднаш стана јасно дека социјалдемократскиот кадар ќе има повластен третман кај судството што го „онезависи“ неговата СДСМ.

Таквата независност на судството веќе беше демонстрирана и во случајот „Поткуп“ кога пријателот на Боро „Малборо“ Стојчев, по сопствено признание, сегашниот премиер Зоран Заев беше ослободен од вина, иако сета јавност од видео материјалот се увери како тогашниот градоначалник на Струмица, соседна општина на Ново Село, како објаснува како и точно каде да се распределат 200.000 евра за легализација на земјиште.