Законот за јавнообвинителска служба пред пратениците

Собранието на Република Македонија попладнево на 86. седница треба да расправа за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за јавнообвинителска служба, по скратена постапка.

Предлагач на законот е Владата на РМ, а бил утврден на денешната владина седница.

Покрак законските измени за јавнообвинителска служба, Собранието денеска теба да и го верификува пратеничкиот мандат на Мирјана Кузмановска. Таа доаѓа на местото на Солвана Бонева која беше избрана за член на Државната изборна комисија.