
Предлог верзија за измена на Законот за избор на Специјалниот обвинител, денеска експресно ќе се најде пред пртениците на собраниска седница во 13 часот. Денеска, пратениците исто така ќе се гласаат и за предлогот на партиите Катица Јанева да биде новиот Специјален обвинител. Инаку, Јанева е актуелната обвинителка од Гевгелија, а важи за почитувана во професијата.
Според Договорот од Пржино специјалниот обвинител со целосна автономија да ја води истрагата за случаите „Прислушување“ и „Пуч“.
Засега нема официјална информација дали и што е договорено на вчерашната последна рунда разговори на работните групи на политичките партии и белгискиот експерт Питер Ванхоуте, на која присуствувале и амбасадорите на ЕУ и на САД, Аиво Орав и Џес Бејли.