Закрепнувањето на германската економија е тешко, вели централната банка

Германската економија тешко закрепнува од кризите во изминатите три години, предупреди германската централна банка Bundesbank, прогнозирајќи благ пад на активностите годинава и намалувајќи ја процената за раст во следната 2024 гоина поради повисоките каметни стапки и послабата конкурентност.

„Германското стопанство тешко ќе закрепне од кризата од претходните три години. Сѐ уште ги чувствува последиците од високата инфлација, иако барем тој притисок слабее“, објави централната банка во соопштението од четвртокот.

Во банката не очекуваат дека економските активности во годинава незначително ќе се намали, и тоа за 0,3 отсто, поблаго отколку што проценија во декември благодарејќи на пониските цени на енергијата. Во 2024-та економијата би требало да порасне за 1,2 отсто и за 1,3 отсто во 2025 година.

„Растот во 2024-та и во 2025-та ќе биде послаб отколку што се очекуваше пред половина година поради повисоките каматни стапки и намалената конкурентност“, се наведува во извештајот.

Инфлацијата мерена со хармонизираниот индекс на потрошувачките цени (HICP), кој се користи за споредба меѓу земјите членки на Европската унија би требало оваа година да изнесува 6,0 отсто и ќе биде значитело пониска отколку што во централната банка на Германија прогнозираа во декември. Чувствително е намалена и процената за 2024-та, на 3,1 отсто.

„Решителните мерки на монетарната политика се важни за сузбивање на економските и општествените ризици од долготрајната инфлација“, вели претседателот на Bundesbank, Јоаким Нагел.

Челниците на Bundesbank заговараат строга монетарна политика, и покрај длабоката криза во германската индустрија.

Иако цените на енергијата во меѓувремето паднаа, базичната инфлација и натаму е висока, истакнува германскиот гувернер, алудирајќи на стапката на инфлација којашто не ги вклучува цените на храната и на енергијата. Високата инфлација би можела да биде вкоренета, доколку платите и профитите растат уште посилно, предупредува Нагел.

Европската централна банка (ЕЦБ – ECB) предупреди во четвртокот дека добивките на компаниите и повисоките плати, делумно поради еднократите поддршки во кризниот период, се сѐ поважни извори на инфлацијата во еврозоната, со последици од поскапувањето на енергијата во претходниот период и засилената побарувачка по пандемијата на коронавирусот, особено во секторот услуги.