Заложничка драма во деловен центар во Киев

Засега неидентификувано лице се заканува со активирање бомба во понеделникот во деловниот центар „Леонардо“ во центарот на украинската престолнина Киев, а во моментов со него се водат преговори, објави на социјалните мрежи заменикот на украинскиот министер за внатрешни работи, Антон Герашченко.

Како што прецизира во објавта на Facebook Герашчнеко, околу 12 часот по локално време, 11 часот по македонско, во полицијата вработена во филијалата на „Универзал банка“ во споменатиот центар, пријавила дека маж на возраст од околу 35 години, се заканува со активирање бомба.

Мажот самиот побарал да биде повикана полицијата. Според медиумските извештаи, тој исто така побарал да му биде овозможено да се обрати во живо преку телевизиите.

„Вработените во банката ги напуштиле просториите, а шефот останал по сопствена волја. Започната е специјалната полициска операцијата ‘Гром’ (која се применува при заложнички кризи и тероризам). Претставници на полицијата започнаа преговори со терористот“, додава Герашченко.

Тој, исто така, апелира до жителите на Киев да ја избегнуваат областа каде што е во тек полициската акција. Засега не се познати мотивите на мажот, ниту дали навистина поседува експлозивна направа.

Ова е веќе трет инцидент со заложници во Украина во помалку од еден месец. На 21-ви јули во центарот на градот Луцк непознат вооружен со експлозив и огнено оружје во заложнипштво заме 13 патници во автобус на градскиот сообраќај. Преговорите со напаѓачот траеја повеќе од десет часа, при што тој барашае претседателот Владимир Зеленски да сними видео-порака во која ќе повика да се гледа еколошки филм. Украинскиот претедател ги исполни барањето и разговараше директно со грабнувачот. Потоа беа ослободени сите заложници од автобустот, и немаше настрадани. Грабнувачот, кој претходно имал сторено кривични дела во соседна Русија, сѐ уште е во притвор,

Два дена подоцна од овој инцидент, во регионот Полтава маж во обид да биде приведен поради кражба на автомобил, се заканувал со експлозија на бомба земајќи во заложништво полициски службеник и побегнал со полициско возило. Подоцна заложникот е пуштен неповреден, а осомничениот побегнал. Герашченко подоцна објави дека полицијата открила каде се крие осомничениот и го ликвидирала откако тој уште еднаш земал во заложништво полициски службеник.