
Автомобил на виничанката Славица Шуманска Митева, пратеник на СДСМ бил запален утрово во Виница, информираше МВР.
Инцидентот се случил околу 1.30 часот во Виница на улицата Славчо Стојменски.
Според полицијата, непознати сторители, откако претходно го скршиле стаклото на автомобилот „сеат леон“ и го полеале внатрешноста на возилото со запалива течност и ја запалиле.
Извршен е увид на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.