Непознато лице го запалило шкафот со книги за националсоцијализмот кој е дел од споменикот во чест на Евреите депортирани во времето на нацизмот во Берлин, соопшти во саботата полицијата на германската престолнина.
„Речиси сите книги изореа“, се додава во соопштението на берлинската полиција на социјалната мрежа за микроблогирање X, поранешната Twitter.
Двајца очевидци рано утрото виделе маж како го пали шкафот со книгите, стара телефонска говорници преуредена во мини-библиотека. Се води истрага, додава полицијата.
Шкафот е дел од споменичниот комплекс „Колосек 17“ на железничката станица Груневалд, во западниот дел од Берлин.
ОД 1941 година од „Колосекот 17“ околу 50.000 германски Евреи се депортирани во концентрационите и логорите за истребување во Рига, Варшава, Аушвиц и Терезиенштад.
Во рамките на споменикот, отворен во јануари 1998 година, со хронолошки редослед на колосекот од кој тргнувале конвоите на смртта поставени се 186 плочки со распоредот на тргнувањето на возот, бројот на Евреите во него и со називот на нивната крајна дестинација.
„Растенијата коишто го закрчија патот по должината на пругата се дел од споменикот: тие се знал дека од овој колосек вече ниеден воз нема никогаш да излеза од станицаа“, истакнува градот Берлин на мрежната страница на германската престолнина.