![g_crkva](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2013/12/g_crkva.jpg?resize=486%2C324&ssl=1)
Од Министерстовто за внатрешни работи соопштија дека вчера 76-годишниот Ј.Ф. пријавил дека на седми овој месец непознато лице предизвикало пожар во црквичката „Света Петка“ во селото Велмевци, кичевско. Во пожарот изгорени биле 2-3 икони и опожарена била внатрешноста на црквата.
Вчера, штипската полиција добила пријава дека во периодот од 13.11. до 13.12, засега непознат сторител насилно влегол во црквата во село Долани и од иконите одзел метални монети во вредност од 1000 денари. Потоа извршил пребарување во олтарот и конаците но не одзел ништо, по што избегал.
Се работи на расчистување на двата инциденти.