
Комби на скопска фирма изгорело во пожар, утрово во центарот на Скопје.
Според полицијата, инцидентот се случил околу 1.15 часот во Скопје на улицата Владимир Полежановски.
Опожарено е товарно моторно возило „форд куриер“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице. Од страна на Противпожарна екипа Скопје пожарот е изгаснат. Извршен е увид на местото на настанот, се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.