Околу 2.500 парчиња облека и обувки се запленети поради сомневање дека се фалсификати.
Производите биле од Турција, а биле запленети вчера на граничниот премин Богородица во возило со македонски таблички. Робата била наменета за увозник од БиХ.
Вредноста на производите во малопродажба би достигнала 99.975,00 евра или над 6 милиони денари.