Полицијата заплени околу 4 килограми марихуана во струмичко. Дрогата е пронајдена при претрес на домовите и помошните простории на тројца жители на струмичко.
Како што информираат од МВР, вчера бил извршен претрес во домот на лицето Н.С (24) од село Петралинци, а денес и во домот и помошните простории на две лица И.Г(31) и М.Н(35) од село Сачево.
Од превземените истражни дејствија, запленета е опојна дрога марихуана во количина околу 4 килограми.
Пронајдената опојна дрога ќе биде доставена на вештачење во Оддел за кримниналистичко-технички испитувања и вештачења при МВР на РМ.
По добиеното вештачење, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.