Запленети 50 кгр марихуана во автомобил кај Рача

Во координирана акција на Oддeлението за организиран криминал при МВР и СВР Охрид, на 18.7.2019 во 23:20 часот на регионалниот пат Охрид-Св.Наум, во близина на населбата Рача, сопрен е патнички автомобил, управуван од С.Л.(53 ) од Струга.

Притоа, во багажниот простор, пронајдени се три патни торби со околу 50 килограми марихуана. С.Л. се обидел со автомобилот да избега, но бил приведен од полициските службеници. Во врска со овој случај, приведен е и С.И.(31) од Струга, кој управувал друг патнички автомобил.

По целосно документирање на случајот, СВР Охрид, против нив ќе поднесе соодветна кривична пријава.