Кинеските осигурителни компании започнаа да ја исплаќаат отштетата на семејствата на патниците и членовите на екипажот на исчезнатиот малезиски авион, за кој се претпоставува дека се срушил во јужниот дел на Индискиот океан, јави денеска кинеската државна новинска агенција Синхуа.
Семејствата на седум патници добија по 671.600 долари отштета во вторникот, од најголемата кинеска осигурителна компанија „Кина живот“. Во авионот се наоѓале 32 нивни клиенти и се проценува дека вкупната надомест ќе изнесува 1,5 милиони долари.
И друга осигурителна компанија „Нова Кина“ ќе им надомести на семејствата на девет свои клиенти на истиот лет околу еден милион јуани.
Денеска, тајландски сателити лоцираа 300 објекти кои плутаат во јужниот дел на Индискиот океан за време на истражувањето на исчезнатиот авион на компанијата „Малезија ерлајнс.“