Започна изборна кампања во БиХ

Во БиХ денеска започнува изборната кампања за општи избори кои ќе се одржат на 12 октомври.

Изборната кампања ќе трае до седум часот на 11 октомври кога започнува изборниот молк, соопштија од Централната изборна комисија на БиХ.

За следење на изборните активности и работа на изборната администрација до сега се акредитирани 82 набљудувачи, 34 меѓународни и 47 невладини организации и еден политички субјект.

Избирачите годинава по СМС ќе можат да проверат на кое избирачко место гласаат.